Дванаесетгодишното дете пронајдено повредено на улица во Велес, на Детската клиника во Скопје е примено со фрактура на мандибулата или долната вилица, на ништо не се сеќава и не кажува никаква информација.
– Од токсиколошката анализа, само дијазепам му е најдено во крвта. Уште истиот ден свеста се воспоставила, а други лекови не се најдени во крвта. Веројатно било без свест, првично е примено во Велес, а потоа, завчера, е донесено кај нас, изјавила директорката на Детска клиника, Стојка Фуштиќ за МИА.
Во саботата околу 13 часот е пријавено дека во велешката Општа болница, со тешки телесни повреди, бил донесен малолетник, кој бил пронајден нa улицата „Алексо Демниевски“, информираше портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.
Тој додаде дека полицијата презема мерки за расчистување на случајот.