Дијабетичарите бараат Тодоров конечно да ги потпише донациите од инсулин

by Фокус

Асоцијацијата за детски дијабетес „Баланс МК“ информира дека по објавувањето на информацијата за обезбедени донации од инсулините кои се дефицитарни во аптеките, и по позитивниот одговор од Министерството за здравство дека ќе ги процесуира донациите (во инсулин), сепак 10 дена од тогаш донациите сѐ уште не се пристигнати во инсулинските аптеки.

– Имено како што е информирана нашата асоцијација, донацијата вредна 700.000 евра (инсулини од типовите „ново рапид“ и „левемир“) од данската компанија „Новонордиск“ сѐ уште чека на потпис во Министерството за здравство, иако од таму добивме уверување дека сите други формалности веќе биле завршени и останал само – нечиј потпис. Со оглед дека тој „нечиј потпис“ по правило е обична мануелна работа (да се земе пенкалото во рака, малку да се подигне над лист хартија и да се испише скртатено име и презиме) која не трае подолго од, да речеме, десетина секунди, асоцијацијата „Баланс МК“ апелира до ресорното министерство, доколку е можно во што пократок рок, да ја заврши оваа „операција на потпишување“ со што ќе направат благородно дело бидејќи потребните инсулини ќе стасаат до оние на кои им се наменети – лицата со дијабетес во Република Македонија – велат од здружението.

Поврзани новости