Дигиталните загатки се одлични за повозрасните

by Fokus

Дигиталните загатки се одлични за паметење на старите луѓе! Тие што ги играат мислат како да имаат 20 години
Познато е дека како што луѓето стареат, нивните ментални способности опаѓаат, особено таканаречената работна меморија, за која се верува дека е на врвот помеѓу 20 и 30 години.

Луѓето постари од 60 години кои составуваат дигитални загатки ги имаат истите мемориски способности како и луѓето на возраст од околу 20 години, покажува новото истражување на научниците од Универзитетот во Јорк, пренесува ScienceDaily.

Студијата исто така покажа дека постарите луѓе кои играат дигитални загатки имаат поголема способност да ги игнорираат непотребните одвлекувања и дека оние кои играат популарни стратегии немаат слично подобрување ниту во меморијата, ниту во концентрацијата.

Поврзани новости