Diamond Mall- ново место во Скопје за вистинско хедонистичко искуство

by Fokus

Сите љубители на убавите животни навики, добра храна, забава и дружење, а секако и модерен начин на купување,наскоро ќе имаат нова дестинација – Diamond Mall. Сместен во срцето на градот, вклопен во историската Стара железничка станица, денес Музеј на град Скопје, новиот трговски центар Diamond Mallќе даде нов печат на урбаното живеење во градот, а понудените содржини ќе бидат атрактивни и за хедонисти од регионот.

Добрата храна, подготвена на автентичен начин, ќе биде обележје на Гурманската авенија (Gourmet Avenue), една од содржините на новиот трговски центар. Посетителите не само што ќе можат да уживаат во разновидните вкусови, туку и своето гурманско искуство ќе можат да го надополнат со богати разновидни случувања од областа на културата, уметноста и забавата. Покрај место за добра храна, Гурманската авенија ќе биде и место каде што ќе се гради нова урбана култура, ставајќи акцент на младите уметници.

Во новиот DiamondMallќе има и Зона на соништата (Dream Zone), со површина од 7.000m², која ќе понуди едукативни и забавни содржини наменети за различни возрасни групи, од деца од најмала возраст до млади.DiamondMallрасполага со 150 продавници со вкупна површина за закуп од 48.000m², а ќе понуди интересно искуство при купување заради својот мултифункционален концепт и современите архитектонски трендови кои се користени во градбата, кои меѓу другото се базирани на висока енергетска ефикасност.

Отворањето на DiamondMall на 20 октомври ќе биде означено со забава за сите генерации. Покрај другите содржини посетителите ќе може да уживаат во посебна вечерна програма со специјално шоу со дронови и настап на симфониски оркестар кој ќе изведува светски хитови. Програма продолжува и следните денови, со содржини за деца и тинејџери во текот на денот и музичка програма во вечерните часови. На 21 октомври ќе настапуваат диџеите Никифор, Мистер Мајк и Том Нови, а на 22 октомври, Каролина Гочева.

DiamondMall е дел од проектот „Diamond of Skopje“, а вкупната инвестиција во овој проект достигна 350 милион евра. Отворањето на DiamondMall ќе обезбеди повеќе од 1.000нови работни места.

 

 

Поврзани новости