Холивудскиот актер Леонардо ди Kаприо во последните недели често ги полни медиумите, но ниту една од причините не е поврзана со неговите филмски достигнувања.
Откако беше ѕвезда на таблоидите поради необичниот избор на партнерки, сега е во многу поголем проблем. Имено, ди Каприо на 4 ноември мора да се појави пред судот ки тоа во случајот со перење пари, бидејќи е наведен како сведок на судењето на раперот Праш Мичел. Тој е обвинет за соучесништво во перење пари за екипата која помогнала и во финансирањето на филмот на актерот „Волкот од Волстрит“. Станува збор за цифра од неколку милијарди долари.
Според американските медиуми, раперот Мичел е поврзан со нелегалните дејствија на малезиски претприемач кој проневери милијарди долари од тамошниот државен фонд. Тој наводно добил меѓу 8 и 40 милиони долари за учество во измамите. Неговиот соработник во овој нелегален бизнис побегнал од државата и се крие од надлежните органи.
Инаку, на ди Каприо ова нема да му биде првпат да учествува во судски процеси како сведок на финансиски измами. Низ слична ситуација помина и во 2019 година кога беше повикан поради задкулисни дејствија поврзани со режисерот Мартин Скорсезе во чиј филм глумеше.