270
Познатиот автор и продуцент на електронска музика синоќа е хоспитализиран на Клиниката за реанимација и интензивно лекување во скопскиот Клинички центар.
Според неофицијалните информации, тој во тешка здравствена состојба, а синоќа бил примен во болница и е ставен на машина за дишење, а медицинскиот персонал се бори за неговиот живот.
Неофицијално, причината за хоспитализацијата е обилно мозочно крварење.
Попов е познат македонски музичар и основоположник на PMG production.
Има играно и во неколку театарски претстави, како и во филмови.