Се уште се на сила мерките на претпазливост определени према српскиот пејач Ѓорѓе Давид, кој учествуваше во сообраќајна несреќа во која прегази жена на автопатот кај граничниот премин Табановце.
Како што информираат од обвинителството, тој се уште е во земјава и утрово се јавил во Судот.
„Основното јавно обвинителство Куманово ја известува јавноста дека мерките на претпазливост определени спрема странскиот државјанин кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце се уште се на сила. Согласно информациите кои ги има обвинителството до овој момент, тој не ја напуштил државата и утрово се јавил во Судот како што му е определено.
Резултатите од наредените вештачења неопходни за да се расчистат причините за сообраќајната несреќа се уште не се пристигнати до обвинителството“ соопшти обвинителството.