522
Британскиот премиер Борис Џонсон, кој неодамна се зарази со Ковид 19, повеќе не е на одделот за интензивна нега.
Од неговиот кабинет објавија дека тој многу добро се чувствува, но внимателно ќе се следи неговата состојба за време на раната фаза на заздравувањето.
Џонсон пред три дена поради влошувањето на симптомите беше префрлен на оддел за интензивна нега во лондонска болница, каде доби терапија со кислород, но не беше приклучен на респиратор.