Џонсон за непочитувањето на карантинот: Тогаш не ми падна на памет дека грешам!

by Fokus

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека ја прифаќа казната на полицијата за кршење на правилата за карантин во 2020 година и оти го разбира гневот на јавноста, но повтори дека тогаш не мислел дека го прекршил законот.

– Морам да кажам, искрено, тогаш не ми падна на памет дека можеби во прашање е кршење на правилата. Но, се разбира, полицијата утврди поинаку и јас целосно го почитувам исходот од нивната истрага, изјави Џонсон за Би-Би-Си.

Поврзани новости