561
Постои „голема веројатност“ руските трупи да ја нападнат Украина, што може да се случи не само преку Донбас, предупреди британскиот премиер Борис Џонсон.
Како што пренесува Бгнес, според него, ситуацијата околу Украина може да доведе до најголемата војна во Европа од 1945 година.
– Планот што го гледаме ја прикажува најголемата војна во Европа од 1945 година, изјави Џонсон за Би-Би-Си.
Според британскиот премиер, постои „прилично голема веројатност“ за инвазија на руски војници во Украина, која би можела да се случи не само преку Донбас, туку и преку белоруско-украинската граница, „за да го опколи Киев“. Во исто време, тој нагласи дека „не само Украинците, туку и Русите“ ќе страдаат како резултат на таквите хипотетички дејствија.