473
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска во Киев се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Џонсон објави фотографии од него и Зеленски и напиша „Господине претседателе, Володимир, добро е повторно да се биде во Киев“.
Тоа е втора посета на Џонсон на Киев од почетокот на руската инвазија врз Украина, што почна на 24 февруари.
По средбата, Џонсон и Зеленски го посетија плоштадот „Михајливска“ во украинскиот главен град, каде британскиот премиер им се обрати на граѓаните со зборовите: „Украина, ве поддржуваме“.