Џонсон со апел до Русите: Вие заслужувате да ја знаете вистината!

by Fokus

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска упати апел до Русите во кој ги повика „да се информираат од независни извори“ за „злосторствата извршени од нивните војници во Украина“, додавајќи дека тие „не би ја поддржале војната доколку ја знаат вистината“.

– Рускиот народ ја заслужува вистината, вие ги заслужувате фактите, изјави Џонсон во видео обраќањето на Твитер, кое делумно беше на руски јазик.

– Злосторствата извршени од руските војници во Буча, Ирпин и други места во Украина го згрозија светот. Извештаите се толку шокантни, толку гнасни, не е ни чудо што вашата влада се обидува да ги скрие од вас. Вашиот претседател знае дека кога би можеле да видите што се случува, нема да ја поддржите неговата војна, истакна тој.

Поврзани новости