666
Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, се соочи со уште едно барање за гласање недоверба на Владата, бидејќи член на неговата Конзервативна партија и пратеник Ентони Мангнал, поднесе барање за негова смена.
Веб страницата на Ај-Ти-Ви Њуз пренесува дека следните избори ќе се одржат во 2024 година, а за да се гласа недоверба на премиерот потребни се 54 барања.
Во текстот на британската телевизиска мрежа се наведува дека се претпоставува оти биле поднесени околу 20 барања за смена на британскиот премиер, а на потписниците им било дозволено да бидат анонимни, па мнозинството одлучило нивното име да остане во тајност.
Покрај Мангнал, пет други ториевци од Парламентот јавно побараа смена на Џонсон.