515
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ја повика Русија да ги повлече трупите од границата со Украина и да избере дипломатија, бидејќи предупреди дека секоја инвазија би претставувала „катастрофа“.
– Од витално значење е Русија да се повлече и да избере дипломатија, а верувам дека тоа е се уште можно“, изјави Џонсон на прес-конференцијата со претседателот на Украина, Володимир Зеленски при посетата на Киев.
Џонсон рече дека руската јавност треба да знае дека Украинците ќе дадат „жесток и крвав отпор“ доколку дојде до инвазија.
Тој додаде дека руска инвазија врз Украина би била „политичка катастрофа, хуманитарна катастрофа“ и според него „за Русија, за светот исто така воена катастрофа“.