Џонсон: Путин е диктатор, нема да гледаме на страна

by Фокус

Британскиот премиер Борис Џонсон го нарече рускиот претседател Владимир Путин диктатор, а инвазијата врз Украина „грозен и варварски потфат“.

-Западните сојузници подготвуваат голем пакет санкции против Русија – рече Џонсон.

Тој упати порака и до народот на Украина.

-Не можеме и нема само да гледаме на страна – порача Џонсон.

Поврзани новости