Британскиот премиер Борис Џонсон денеска пристигна во Киев, каде ќе се сретне со претседателот на таа земја, Владимир Зеленски, во услови на зголемени тензии со Русија, пишува Гардијан.
-Како пријател и демократски партнер, Велика Британија ќе продолжи да го поддржува суверенитетот на Украина кога ќе се соочи со оние кои сакаат да ја уништат, напиша Џонсон на Твитер пред да слета во главниот град на Украина.
Како што претходно беше најавено, Џонсон во Киев треба да разговара за ситуацијата во врска со Русија со Зеленски.
Генералниот секретар на британското Министерство за финансии, Сајмон Кларк, изјави во понеделникот дека Велика Британија ќе ги санкционира компаниите и луѓето кои имаат најблиски врски со рускиот претседател Владимир Путин доколку Москва преземе какви било мерки против Украина.