Џонсон не се сложува со одлуката на врховниот суд, нема да поднесе оставка

by Fokus

Британскиот премиер Борис Џонсон кажа денес дека не се сложува со одлуката на британскиот врховен суд дека суспензијата на парламентот не е во согласност со законот.

Џонсон кажа дека нема да поднесе оставка поради таа одлука.

Тој е во Њујорк, каде учествува на 74 Генерално собрание на Обединетите нации.

Од кабинетот на британскиот премиер соопштија дека тој од Њујорк во Британија ќе се врати во текот на ноќта, порано од планираното.

Британскиот парламент утре продолжува со работа.

Џонсон во Њујорк кажа дека ќе ја почитува одлуката на судот, но навести дека повторно ќе се обиде да го суспендира парламентот.

„Не се согласувам со одлуката на правосудството. Не мислам дека е исправна, но ќе продолжиме понатаму, а парламентот нормално ќе се врати“, кажа тој и додаде дека мисли дека постојат добри услови да се продолжи со „говорот на кралицата“.

„Говорот на кралицата“ е вообичаена формалност за време на која се изнесува законодавниот план кој го составува владата.

Поврзани новости