Британскиот премиер, Борис Џонсон, откри дека наскоро ќе се вакцинира, потенцирајќи дека тоа ќе биде вакцината на „АстраЗенека“/„Оксфорд“ и покрај актуелните грижи што се појавија поради одредени случаи на згрутчување на крвта, јави ДПА.
Зборувајќи пред пратениците за време на неделната сесија на британскиот Парламент Џонсон беше запрашан за тоа што неколку земји го суспендираа вакцинирањето со нивната вакцина заради проблеми со згрутчување на крвта.
Наместо да одговори на прашањето за суспензијата, во која се вклучени и Германија и Португалија, тој кажа дека „можеби најдоброто нешто што ќе го кажам за програмата за вакцини на „Оксфорд“ / „АстраЗенека“ е дека конечно добив вест дека наскоро ќе се вакцинирам“.
– И тоа сигурно ќе биде со вакцината на „Оксфорд“ /„АстраЗенека“ , рече британскиот премиер.
Поентата на Џонсон предизвика прашања од новинарите, бидејќи на Британците не им е дозволено да избираат која вакцина ќе ја примат.
Советодавно тело за вакцини, ЏЦВИ соопшти дека „не советува и преферира ниту една вакцина кај која било специфична популација. Од оперативни и програмски причини … една вакцина може да се понуди во одредени услови, во други да предност да добие друга вакцина”.