Џонсон: Нападот врз градинка во Украина е операција под „лажно знаме“

by Fokus

Британскиот премиер Борис Џонсон тврди дека нападот врз градинка во источна Украина бил „операција под лажно знаме со цел да ги дискредитира Украинците“.

– Стравуваме дека такви нешта ќе видиме повеќе во текот на следните неколку денови, рече Џонсон.

Говорејќи за време на посетата на РАФ Вадингтон во Линколншир денеска, британскиот премиер рече дека ситуацијата во Украина и понатаму е исклучително тешка. Тој додаде дека Лондон се надева дека заканата од зајакнат пакет санкции ќе помогне да се обесхрабри Русија да ја нападне источноевропската нација.

– Денеска, како што сум сигурен дека веќе сфативте, детска градинка беше гранатирана во операција под лажно знаме дизајнирана да ги дискредитира Украинците, дизајнирана да создаде изговор, лажна провокација за руска акција, истакна Џонсон.

Поврзани новости