Џонсон најави укинување на задолжителната самоизолација за позитивните на Ковид-19

by Fokus

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека, кога во текот на овој месец ќе ја претстави владината стратегија за соживот со коронавиорусот, има намера да ја укине законската обврска за самоизолација за луѓето во Англија кои се позитивни на Ковид-19

Минатиот јули тој за малку ќе ги укинеше сите епидемиолошки мерки во Англија, а минатиот месец ги укина таканаречените мерки од „Планот Б“, привремено наметнати за да се забави ширењето на омикрон сојот.

Тој кажа дека сака да оди чекор понатаму, што е дел од промената на насоката на навикнување на коегзистирање со Ковид-19, па законската обврска за самоизолација ќе ја направи само препорака.

-Мојата намера е да се вратам првиот ден по паузата за да ја претставам нашата стратегија за соживот со Ковид-19“, им рече Џонсон на пратениците, кои продолжуваат со работа на 21 февруари.

„Доколку продолжат да пристигнуваат тековни охрабрувачки податоци очекувам дека ќе можеме да ставиме крај на преостанатите ограничувања, вклучувајќи ја и законската обврска за самоизолација во случај на позитивен наод, еден месец порано“, додаде Џонсон.

Обврската во моментов треба да трае до 24 март, но Џонсон претходно кажа дека ќе се обиде да ја укине доколку е тоа можно.

Поврзани новости