Џонсон: Ќе се вакцинирам со АстраЗенека

by Fokus

Британскиот премиер Борис Џонсон, откри дека наскоро ќе се вакцинира и тоа со контроверзната „АстраЗенека“ и покрај загриженоста во цела Европа поради извештаи за појави на крвни згрутчувања.

Пратениците од парламентот го прашале Џонсон околу прекинот на вакцинирањето со оваа вакцина во повеќе земји.

-Можеби најдобро што можам да кажам за вакцината АстраЗенека е наскоро да ја примам, што ќе ми биде драго“, рече британскиот премиер. Сигурно ќе ја добијам таа вакцина, додаде Џонсон.

Неговата најава веднаш поттикнала новинарски прашања, затоа што на Британците не им е дозволено да бираат која вакцина ќе ја примат.

Вакцинацијата во Европа во последните две седмици е пореметено поради извештаите за поедини случаи на тромбоемболии кај пациенти кои ја примиле оваа вакцина.

Во Европа вакцинирањето со оваа вакцина е сопрено во Данска, Австрија, Бугарија, а најнови на листата се и Португалија и Германија. Вчера хрватски државјанин починал на 33 годишна возраст, 12 дена по вакцинација со АстраЗенека.

Поврзани новости