Џонсон ги повика светските лидери да работат на договор за глобалното затоплување

by fokus

Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика светските лидери да им укажат на своите преговарачки тимови на климатската конференција на ОН да постигнат амбициозен договор за ограничување на глобалното затоплување. Џонсон им рече на новинарите во Глазгов, каде што се одржува климатската школа COP26, дека целта е на повидок, но за да се постигне, земјите учеснички треба „одлучно да туркаат“.

-Фрустрирачки е да се гледаат земјите кои поминаа шест години видно честитајќи си за потпишувањето на Парискиот договор како сега мирно пристапуваат кон неуспех, рече тој.

Парискиот климатски договор предвидува ограничување на затоплувањето на планетата под два Целзиусови степени во однос на прединдустриската ера. Британскиот премиер изјави дека остануваат само уште неколку дена и дека останува уште многу да се направи. Двонеделната климатска конференција на ОН во Глазгов ќе трае до 12 ноември.

Поврзани новости