610
Британскиот премиер Борис Џонсон на денешниот владин состанок се заложи за обезбедување поголема воена помош за Украина.
– Премиерот оддаде почит на жестокиот отпор на украинскиот народ наспроти бруталните и нехумани постапки на режимот на Путин, изјави портпаролот на британската Влада, пренесува ДПА.
– Џонсон рече дека дејствијата на Путин веќе го преминале прагот на варварството и западот не треба да се двоуми да продолжи понатаму во зајакнувањето на санкциите и обезбедувањето дополнителна одбранбена воена помош за Украина, појасни портпаролот.