Џони Деп се враќа на сцена

by Fokus

Џони Деп за првпат се враќа во кино по скандалот со неговата поранешна сопруга Амбер Херд, тврди „Варајети“.

Тој ќе глуми во историски филм на француската режисерка Мајвен, во кој ќе го игра кралот Луј XV, чие владеење е едно од најдолгото во светската историја (58 години). Се наведува дека ќе се снима ова лето на периферијата на Париз, најмногу во Версајскиот дворец, поранешната резиденција на француските монарси. Мајвен ќе игра и една од улогите во филмот, нејзината хероина е грофицата Жана Дубари, последната љубовница на Луј XV.

Деп во последно време имаше проблеми во кариерата. Откако го загуби случајот против таблоидот „Сан“ во 2020 година, кој го обвини дека ја претепа Амбер Херд, Џони Деп беше принуден да ја одбие улогата на Гелерт Гринделвалд во филмската франшиза „Фантастични животни во универзумот на Хари Потер“. Актерот не беше поканет на други проекти. Според Деп, тој бил бојкотиран во Холивуд.

Најновиот игран филм на актерот е Големиот од 2020 година, во кој се разоткрива еколошки криминал во Јапонија.

Амбер Херд поднесе барање за развод од Џони Деп во 2016 година, по што го обвини за семејно насилство. Деп ги негира сите обвиненија, а двојката се уште е на суд.

Поврзани новости