Имам страст кон се овде во Србија, посебно кон кебапите! Ми кажаа и за сливовицата, но се уште не сум ја пробал. Овде добивам само подароци. Емир Кустурица ми даде еден потполно нов живот.
Сега сум на почетокот на еден нов живот, и ми се допаѓа што тој почеток е токму во Србија, секако, ако и вие ме сакате – изјави холивудската актерска ѕвезда Џони Деп за време на посетата во Србија, кога беше одликуван со Златен медал за заслуги на Србија, поради придонесот за ширење и унапредување на локалната уметничка заедница.
При посетата на Белград, актерот се заинтересирал за купување на куќа или пак на плац каде би изградил свој дом. Разгледал повеќе локации на планината Космај, и веќе му се допаднале неколку плацови.
Како што пренесоа српските медиуми, посебно се израдувал кога слушнал дека во тој дел свој имот поседуваат Новак Ѓоковиќ, актерот Никола Којо, а таму биле лоцирани и домовите на покојните Мерима Његомир и Сања Илиќ.
За време на последната посета на Србија, која се случи пред две недели, Златниот медал на Деп му беше врачен од претседателот Александар Вучиќ.
Вики Клинчарова