Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев реплицира на забелешките во јавноста дека предметите на СЈО се враќале од почеток и по вина на судот.
„Во Кривичниот суд високопрофилно предмети се околу 24. Од истите завршени во рок од две години се 10 предмети. Точно е дека четири предмети се почнати од почеток, кај три поради истек на 90 дена, а кај еден поради смена на поротник. Сакам јавно да објаснам од кои причини се одложуваа предметите. Одговорност кај судот нема. Судиите имаа насрочено рочишта, но истите не се одржаа, но не по вина на судот, сите беа присутно, но предметите се одложија поради тоа што обвинителите лично бараа, бидејќи не знаеја дали имаат овластување да го застапуваат тој предмет. Знаете дека во тој период Катица Јанева беше во притвор и требаше да се донесе Законот за јавно обвинителство”, појасни Џолев.
Претседателот на Кривичниот суд рече дека најмногу од ова изгубија обвинетите, но и судот и обвинителите, а и македонскиот правосуден систем.
-Зошто не се најде политичка волја да се најде замена за Катица Јанева и на кого тоа му одговараше, не знам. Но, губитници сме сите, дополни Џолев.