Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, во однос на пишувањата во медиумите за можна аболиција од претседателот на државата, на денешниот брифинг, рече дека не е добро судот однапред да се произнесува и да зазема став по нешто.
– Доколку претседателот донесе законска аболиција, судот е должен да ја почитува, доколку пак е незаконска, тогаш тоа е работа за обвинителството. Ако биде донесена аболиција, судот тогаш ќе се произнесе и ќе проценува по неа, изјави Џолев.
Тој ја искоментира и изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој рече дека судството не е реформирано.
-Ние сме во екот на реформите, сигурно не сме ги завршиле, така да не сме ги довршиле до крај, рече претседателот.
На прашањето дали и во судството треба да се направи ветинг, бидејќи таква најава има за вработените во МВР, Џолев посочи дека нема да биде штетно, па дури и дека е потребно.