144
Актуелниот американски претседател Џо Бајден објави дека повеќе нема да се кандидира за втор мандат поради зголемената загриженост во неговата партија за неговите шанси да победи на изборите во ноември 2024 година.
„Најголемата чест во мојот живот беше да служам како ваш претседател. И додека мојата намера беше да барам реизбор, верувам дека во најдобар интерес за мојата партија и за земјата е да се откажам и да се фокусирам единствено за извршување на мојата должност како претседател до крајот на мојот мандат“, вели Бајден во соопштението кое го објави на платформата Икс.
Тој најави дека ќе и се обрати на нацијата подоцна во текот на неделата.