Џјинпинг и Путин:„Взаемната политичка доверба меѓу Кина и Русија континуирано се продлабочува“

by Fokus

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг денеска во разговор со рускиот претседател Владимир Путин ги пофали односите меѓу двете земји и посочи дека меѓусебната политичка доверба меѓу Кина и Русија континуирано се продлабочува.

Тој посочи дека двете земји одржуваат блиска и ефикасна стратешка координација и дека обемот на билатералната трговија достигна историски максимум, што напредува кон целта од 200 милијарди долари поставена од двете страни, пренесува Ксинхуа.

На билатералните разговори со Путин, како што пренсе „РИА Новости“ кинескиот претседател изјавил дека лидерите на Русија и Кина од 2013 година одржале 42 средби, воспоставиле добри работни односи и силно пријателство.

„Во сегашните услови потребна е тесна надворешнополитичка координација, на тој начин Русија и Кина градат соработка – рече Путин.

„Русија и Кина ја споделуваат желбата за еднаква, заемно корисна соработка со цел да се постигне долгорочен економски напредок и социјална благосостојба, притоа почитувајќи го правото на секоја земја на сопствен развоен модел, рече претседателот на Русија, говорејќи на „ Еден појас, еден пат“ форум во Пекинг.

Путин посочи дека кинеската иницијатива „Еден појас, еден пат“ е во согласност со руските идеи за формирање на голем евроазиски простор, каде ќе бидат поврзани различни интегративни процеси, вклучително и Евроазиската економска унија, пренесува РИА Новости.

Според Путин, Иницијативата „Еден појас, еден пат“, изградена врз такви основни принципи, добро се вклопува со процесите на интеграција што се развиваат во различни региони.

„Ова е во согласност и со руските идеи за создавање интеграциска структура во која целосно би се обезбедила слободата на трговијата, инвестициите, работата и воспоставената меѓусебно поврзана инфраструктура – рече Путин.

Според неговата проценка, Русија и Кина до крајот на календарската година ќе го надминат нивото на трговскиот промет од 200 милијарди долари.

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во своето обраќање на отворањето на Третиот меѓународен стратешки форум „Појас и пат“ во Пекинг најави осум главни мерки за градење висококвалитетна соработка во рамките на оваа иницијатива, пренесува Ксинхуа.

Поврзани новости