660
Две девојки се повредени синоќа во скопската населба Ѓорче Петров, откако во нив удрил џип додека тие чекале на автобуска постојка.
Според очевидци на настанот, џипот кој се движел од правец на Ѓорче Петров кон Центар сакајќи да избегне возило марка „југо“ што му го пресекло патот и влегло во неговата лентата, изгубил контрола и удрил директно во девојките.
Порталот Ракомет24 јави дека двете девојки се ракометарки на првиот тим на ЖРК Вардар, кои со возило на брза помош се пренесени в болница. Тие хоспитализирани без посериозни физички повреди и се очекува во текот на денов ден да бидат пуштени на домашно лекување.
Возачите на џипот и „Југото“ не се повредени.