381
Три лица се тешко повредени откако доцна синоќа патничко моторно возило „Гранд Чероки“ со бугарски национални ознаки излетало од коловозот кај т.н. Мавровска крстосница – Маврови Анови, соопшти МВР.
Несреќата се случила околу 23:40 часот. Со возилото управувал А.А. (26) од село Жировница кој е полесно повреден. Тој и А.З.(26), П.Б.(28) и С.Е.(25) се пренесени во Медицинскиот центар – Гостивар.
Полициската станица Гостивар изврши увид. Се работи на целосно расчистување на случајот.