Џиновиќ ќе пее во Кавадарци: Живее во вила од два милиони евра, од сопругата барал само едно нешто!

by Fokus

Помеѓу многубројните музички гости кои ќе настапат на манифестацијата Тиквешки гроздобер во Кавадарци, најавено е и гостување на Харис Џиновиќ (71), на 10-ти септември на градскиот плоштад.

Џиновиќ гостуваше во Македонија лани во клуб во Охрид, а пред пет години пак, настапи во Прилеп на Пивофест пред околу 50.000 публика. Музичарот кој е активен на сцената од далечната 1981 година, и чии хитови се пеат во регионот, роден е во Сараево, а денес со семејството живее во Белград.

Во јавноста е препознатлив по неговиот заштитен знак – шеширот кој не го симнува од глава, а вниманието го привлекува и со 29 години помладата сопруга, дизајнерката Мелина, со која ги имаат ќерката Џина и синот Кан. Минатата година беа застапени во регионалните медиуми со веста дека се вселиле во вила на Сењак, вредна два милиони евра, која ја граделе од 2017 година. За внатрешноста на нивниот нов дом, пејачот раскажа дека има музичко студио, вински подрум со ретки колекции на вина од целиот свет, внатрешен базен…

-Бидејќи вилата има над 930 метри квадратни, секако дека мораше да се најде простор и за музичко студио. Теретана, сала за прослави, спа центар, мебел од Франција – појаснуваше музичарот за српските медиуми лани.

Кога во 2014 година пак, по 11 години заеднички живот се венчаа со Мелина, таа откри дека имаат голема слога во бракот, и покрај разликата во годините, а кога се запознале морала да му вети на Харис едно нешто – дека никогаш нема да ја промени фризурата.

-Мојот сопруг не дозволува промена на бојата на косата, ниту пак на должината! Ништо, никаква промена на фризурата! Вели дека таква ме запознал и сака да останам таква, значи од 2003 година кога се сретнавме, јас сум постојано со иста боја и форма на косата- раскажа дизајнерката за српските „Курир“.

Откри и дека нејзините родители на почеток на нивната врска многу се противеле, најмногу поради големата разлика во годините, но Харис ја тешел дека кога ќе им се роди дете, нејзините родители ќе попуштат и ќе го прифатат.

-Навистина така се случи. Моите родители беа пресреќни кога добија внука, и докажавме дека разликата во годините не е никаков проблем кога има љубов – изјави таа.

Истата вечер, кога Џиновиќ ќе пее на плоштадот во Кавадарци, свои настапи ќе имаат и Игор Џамбазов и Гуру Харе и Огнен Здравковски.

Вики Клинчарова

Поврзани новости