820
Соња Стаменкова од СДСМ, која се бореше за втор градоначалнички мандат во Македонска Каменица, изгуби од противкандидатот Димчо Атанасовски -Џими од редовите на ВМРО ДПМНЕ. На неговиот официјален профил веќе пристигаат честитки од неговите сопартијци.
Според ДИК, тој освоил 2.011 гласа, а пак Стаменкова 1.709 гласа. Пред четири години таа стана градоначалничка на Македонска Каменица, освојувајќи 609 гласа, пред тогашниот противкандидат од ВМРО ДПМНЕ, Дарко Митевски.
Тогаш нејзиниот брат, шампионот во паурлифтинг, Бошко Стаменковски, изјави дека тие како семејство кое живее со плати од по 200 евра, успеале да победат милионер и им порача на сограѓаните дека неговата сестра ќе го оправда секој глас.
Вики Клинчарова