Џил Бајден ја накити елката, „Подари од срце“ е темата за Божиќ

by Fokus

Првата дама на САД Џил Бајден,  откри како ја украсила Белата куќа за Божиќ и новогодишните празници.

Многубројни елки се наоѓаат низ ходниците и собите во Белата куќа, украсени со мотивите кои потсетуваат на најрадосниот празник во годината.

 

Темата на првиот Божиќ на семејството Бајден во Белата куќа е „подари од срце“.

Меѓу украсите се наоѓа и џиновска торта во облик на Бела куќа, додека официјалната новогодишна елка е висока 5,5 метри и го симболизира мирот и единството во земјата.

 

Првата дама на својот официјален профил на Твитер објави фотографии од магичната атмосфера насекаде низ домот, а милионските следбеници буквално останаа воодушевени од глетката.

 

 

Поврзани новости