Џељаљ Бајрами избран за претседател на Комисијата за изборни нерегуларности

by Fokus

Јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, денеска одржа колегиум на кој јавните обвинители во ЈО ги запозна со приоритетите од програмата за неговиот мандат и активностите за јакнење на транспарентноста и довербата во институцијата.

Јавното обвинителство притоа повторно ја активира Комисијата за следење евентуални нерегуларности поврзани со извршување кривични дела од Глава шеснаесет – кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела што би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите.

За претседател на Комисијата е избран јавниот обвинител Џељаљ Бајрами.

Во привремената Комисија членуваат по еден јавен обвинител од четирите виши јавни обвинителства и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје.

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ја повика јавноста, граѓанските организации, другите организации, политички партии, домашните и меѓународни институции и сите што сметаат дека во некоја постапка имаат индиции за сторено кривично дело поврзано со организирањето и спроведувањето на изборите, да достават поднесок/пријава до Комисијата на електронската адреса – izbori@jorm.mk.

Поврзани новости