772
Поранешниот министер Џељал Бајрами ќе седи на фотелјата на доскорашниот републички јавен обвинител Марко Зврлевски, но привремено, поточно се до изборот на вршител на функцијата.
Советот на јавни обвинители идната недела ќе закаже седница на која ќе го определи вршителот на функцијата јавен обвинител на Република Македонија, бидејќи прво ќе почекаат вчерашната одлука на Собранието за разрешувањето да излезе во Службен весник, по што ќе закажат седница.