Пејачката и актерка Џенифер Лопез во нејзиниот документарен филм Half Time, кој бил премиерно прикажан на филмскиот фестивал Tribeca во Њујорк, открива дека била многу лута што морала да ја дели сцената со Шакира.
Филмот го претставува нејзиниот влез во педесеттите години, а споменато е и полувремето на Суперболот каде Џеј Ло настапи во 2021 година.
Лопез се расправала со челниците на Националната фудбалска лига затоа што тие одлучија двете изведувачки да настапат заедно, каде што обично настапува само еден.
-Имаме шест минути. Имаме 30 секунди песна, а ако одвоиме минута, толку, ни остануваат уште пет. Мора да има одредени песни што ги пееме. Мора да имаме моменти да пееме. Нема да биди танцова претстава. Мораме да ја испееме нашата порака – му рекла Џенифер на својот музички директор, додавајќи дека тоа е „најлошата идеја на светот“.
-Ова е нешто на што работам и се надевам со години – нагласила Џеј Ло.
Заедно со Шакира сепак ја завршија работата, но нивната врска беше професионална.
-Знам дека луѓето на Суперболот сакаат да го поминеме целото шоу. Не добив потврда колку минути ќе имам – ѝ кажала Шакира на Лопез во еден момент, на што Лопез одговорила:
„Тие рекоа 12 минути , што значи дека ти би требало да имаш половина, а јас да имам уште половина“.
Џеј Ло заклучила дека требало да добијат 20 минути за настап бидејќи учествувале двете.