Џастин Тимберлејк уапсен поради возење под дејство на алкохол

by Fokus

Американскиот пејач Џастин Тимберлејк (43) е уапсен во Хемптонс поради возење под дејство на алкохол, пренесува ABC News.

Според странските медиуми, пејачот бил уапсен во понеделникот вечерта, а денеска ќе оди на суд.

Извори за TMZ изјавија дека пејачот се сретнал со пријателите во хотел пред да биде уапсен и бил запрен набргу откако влегол во својот автомобил и почнал да вози.

Инаку, тој викендов најави настапи во Чикаго и следната недела во Њујорк.

Поврзани новости