123
Американскиот пејач Џастин Тимберлејк (43) е уапсен во Хемптонс поради возење под дејство на алкохол, пренесува ABC News.
Според странските медиуми, пејачот бил уапсен во понеделникот вечерта, а денеска ќе оди на суд.
Извори за TMZ изјавија дека пејачот се сретнал со пријателите во хотел пред да биде уапсен и бил запрен набргу откако влегол во својот автомобил и почнал да вози.
Инаку, тој викендов најави настапи во Чикаго и следната недела во Њујорк.