Џанго сведок во „Тортура“: Љубе ми се жалеше дека го легнале на земја и го врзале со лисици

by fokus

Адвокатот Љубомир Михајловски Џанго сведочеше на рочиштето за случајот „Тортура“, односно за бруталното апсење на Љубе Бошкоски во 2011 година.

Тој, како што се потсети, на 6 јуни 2011 година, околу 16 часот добил повик од Љубе Бошкоски кој му кажал дека е уапсен и однесен во полициска станица Гази Баба.

Адвокатот заминал во полициска станица, и таму се сретнал со Бошкоски.

-Љубе почна да вика дека го наместиле, дека не земал пари. Беше многу револтиран, бидејќи претходно беше министер, па ми рече: „Јас брат цело време се борам за Македонија, а види што ми направија“, се потсети адвокатот.

Тој рече дека Бошкоски му се жалел за начинот на кој го апселе, односно се жалел што го легнале на земја, го врзале со лисици, а немало причина бидејќи рече дека не давал отпор.

-На него немаше видливи повреди, немаше крв. Но ми се жалеше на начинот на лишување на слобода, рече сведокот.

На прашањето, дали точно по име ги посочил луѓето кои го апселе, Михајловски рече дека Бошкоски не спомнал имиња.

Потоа Михајловски раскажа дека од станица заминале на паркингот кај Воденица, за да се изврши увид во возилото, но тој реагирал и ми рекол на Бошкоски да не потпишува ништо, бидејќи поминале неколку часа, па можело нешто да се подметне.

Поврзани новости