Игор Џамбазов е најголемата македонска ѕвезда, и и побарал снимки на Драгана Спасовска, миленичката на бројни свестки спортски ѕвезди. Претстои утврдување на деталите околу идниот филм и улогата на сексапилната нашинка – објави бугарскиот медиум Bgdnes.bg.
Веста дека Џамбазов бил заинтересиран за Драгана, односно за снимање филм со неа, ја пренесоа и други бугарски медиуми.
Го опишуваат Џамбазов како познат актер, шоумен, продуцент и пејач, односно го нарекуваат македонски Слави Трифунов.
Објавите за заинтересираноста на Џамбазов за Драгана и за нивна можна соработка на големото платно, ги сподели и таа на своите социјални профили.
Како што понатаму пишуваат тамошните медиуми, таа добила понуда и од бугарскиот продуцент Исидор Карадимов за потенцијална соработка на филм.
Но, од страна на Џамбазов пак, нема најава за снимање на филм во чија екипа евентуално би била и Драгана. Според неговите последни изјави за медуими и во ТВ емисии, тој живее повлечено во Дојран, и патува само кога има музички настапи.
Инаку, актрактивната блогерка и модел околу девет години живее и работи во Дубаи, но е доста популарна во Бугарија.
Таа по потекло е од Скопје, каде во минатото градеше кариера како модел, а во 2009 година замина да студира во Пловдив.
Таму се појави на повеќе избори за убавина и како модел во видео записи за бугарски пејачи, па преку ноќ стекна голема популарност.
За себе во минатото изјавуваше дека е дете на интернационална љубов, односно татко и е Македонец, а пак мајка и е Бугарка. На прашањето дали се идентификува како Македонка или Бугарка, без двоумење одговори – Бугарка.
Пред две години, кога популарниот фудбалер Жерар Пике по 11 години заеднички живот се раздели со колумбиската поп ѕвезда Шакира, во Бугарија се објави веста дека разделбата на парот се случила поради Драгана, која приватно се дружела со него и имаше објавено заеднички фотографии. Тогаш таа за ,,Фокус” истакна дека се познава со Пике, но не може да открива повеќе детали.
Вики Клинчарова