Шоуменот, музичар и ТВ водител Игор Џамбазов, изминатиот период е доста активен со свои настапи низ земјава. Во тек на летово тој имаше гостувања во повеќе градови, и настапуваше заедно со Гуру Харе или пак со Нокаут.
Синоќа тој беше дел од музичките гости на втората вечер на Тиквешки гроздобер во Кавадарци, а она кое е забележливо, барем за оние кои имале можност да следат повеќе од неговите настапи, е тоа што тој не може, а да не ја раскаже истата приказна за ТВ водителката Лила Филиповска.
-Инфлуенсерки, ги има многу, еве Лила Филиповска на пример, се сликала во Дубаи, разголена ставила само некоја марама, и одма 1.700 лајкови. Ама да ви кажам, јас објавувам фотографија од мојата мачка Емилија, како спие во картонска кутија, и мачката добива двојно повеќе лајкови од разголената Лила – е приказната која Џамбазов не пропушта да ја раскаже пред публиката за време на настапите.
Со негови авторски песни, но и со обработки на големи светски хитови, Игор сепак е интересен за публиката.
Пред неколку месеци јавноста ја брануваше неговата објава дека нема да застане на иста сцена со регионални музичари кои немаат ниту еден хит, а ги полнат нашите клубови за огромни хонорари, но и покрај тоа, тој летово настапи во повеќе клубови каде исто така гостуваа српски турбо фолк пејачки од калибарот на Теа Таировиќ, Милица Павловиќ и други.
Вики Клинчарова