Џамбазов има нова песна: Не можат да не онадат, колку што можеме да издржиме!

by fokus

Шоуменот, актер и музичар Игор Џамбазов ја промовираше новата песна ,,Дебела сенка”.
Песната ја работел околу четири години, и како што раскажа за Радио Бубамара, ја започнал во 2019 година, па се откажал бидејќи била депресивен блуз, но потоа повторно решил да ја сними.

Текстот и музиката се негови, а аранжманот е на Игор Атанасоски Харе и Мите Димовски.

-Дебела сенка, со векови, а и на сонце пак се пржиме, само што не можат да не онадат, колку што можеме да издржиме – пее Џамбазов во новата песна.

Според него, најважна е пораката во неговата музика, која успевал да им ја пренесе на слушателите.

Вики Клинчарова

Поврзани новости