Џамбаски во предизборен спот рече дека „Македонија е бугарска“, МНР упати протестна нота

by Фокус

Македонија е бугарска, а Бугарија е над се, гласи насловот на предизборниот спот на европратеникот Ангел Џамбаски од партијата ВМРО-БНД на вицепремиерот Красимир Каракачанов. Додека се вртат кадри од Скопје и Охрид, тој за Македонија зборува како за „кауза поголема од која било актуелна политичка тема“.

„Драги, велам драги од воспитување, привремени владетели на нашата, на мојата Македонија – не можете да живеете во 21 век без да го признаете 20 век. Колку повеќе лажете, толку повеќе вистината ќе сјае. Колку пожестоко ја измислувате својата лажна приказна, толку посилно ќе се срушат лажните темели врз кои сте ја граделе својата мизерна сегашност“, вели Џамбаски, истакнувајќи дека Македонија е бугарска.

Поради тоа, македонското МНР преку амбасадата во Софија упати протестна нота до бугарското МНР, порачувајќи дека реториката на Џамбаски не доликува за земја која е дел од ЕУ.

„Ваквите изјави не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји. Реторика во која се изразуваат територијални претензии кон соседите не доликува на земји сојузнички во НАТО и земја членка на Европската унија, што е директно и спротивна на идеалите и вредностите на Европската Унија, на кои и двете земји силно се посветени“, велат од МНР.

Поврзани новости