Џамбаски со нацистички поздрав во Европарламентот

by fokus

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски на дебатата на Европскиот парламент во Стразбур предизвикал скандал откако ја напуштил расправата за владеењето на правото во Полска и Унгарија со нацистички поздрав.

-Бидејќи го бранеше владеењето на правото во Европскиот Парламент Сандро Гоѕи беше навреден од европратеникот Џамбаски, кој ја напушти салата со скандалозен нацистички поздрав. Ја имаш нашата целосна поддршка Сандро. Ја повикуваме г-ѓа Мецола, претседателката на ЕП , да преземе чекор“, реагираа на Твитер од парламентарната група Ренесанса, на која и припаѓа Гоѕи.

Џамбаски претходно ги нападна своите колеги во европарламентот и застана во одбрана на владејачките партии во Полска и Унгарија.

Откако сето ова предизвика реакции, Џамбаски на Твитер одговори дека само мавнал со раката.

Реагираше и претседателката на Европскиот парламент Мецола: -Фашистички поздрав во Европскиот парламент за мене е неприфатливо – секаде и секогаш… Ваквиот потег е дел од нашата најтемна историја и таму мора да остане“, напиша на својот твитер-профоил Мецола.

Џамбаски е член на ВМРО-БНД, а по оставката на Красимир Каракачанов тој стана еден од потпретседателите на партијата. Познат е по неговите антимакедонски ставови и за ветото за почеток на преговорите на Македонија со Европската унија.

Поврзани новости