Џамахирија Аладанци

by Fokus
Пишува: Петар Богојески, политички и граѓански активист

Вмешување на македонски граѓани во дискусија Израел или Палестина е повеќе од трагикомично. Огромен дел од „запалените“ борци за човечки права биле шетани, биле далеку дур на запад, дури во Гевгелија. Сè тоа е ок! Особено што хејтот е на социјалните мрежи. Но, но пораките што ги испраќаат „борците за слобода“ кон оние што се дрзнале да искажат малку поразличен став, веќе ја отворија Пандорината кутија во земјава. Покажа во каква џамахирија живееме. Покажа ново лице на секуларна и толерантна Македонија. Покажа дека пред очи, без да забележиме, веќе се инсталирало саудиско општество во европска Македонија. За да ме разберете подобро, ќе Ви напишам за еден  пример, кој лично го познавам.

На влез на Крушевско, од страната на Прилеп, Пелагонија, има едно прекрасно село Алданци по наше, Алдинци по ново. Мешано во етничка и религиска смисла. Македонци христијани и муслимани, Турци, Албанци и Бошњаци, живееле заедно низ вековите. Знаеме дека за време на Крушевската Република, претседателот Никола Карев испраќа писмо до локалното муслиманско население во Алданци и до другите китни села, со порака за толеранција и гаранција дека новата републиканска власт во Крушево, ги гарантира сите права на муслиманите и нема никаква намера да го наруши мирот и спокојот во кој живееле сите заедно.

Соработката меѓу Републиката и муслиманското население е докажана и покажана на дело. Враќањето на отоманската власт не сменила премногу во соживотот во селото. Доаѓањето на Србите и Бугарите не сменија ништо. Рисјаните застанале во одбрана на муслиманите пред очите на новите власти. Поради тоа и не се извршило масовно отселување на муслиманите кон Турција, во тој дел од Македонија. Кмет на селото Алданци за време на „второ бугарско“ бил лично синот на Питу Гули, Стерју. Не им фалело ниту влакно од главата на муслиманите. Дојдоа партизаните, а со тоа и секуларноста. Како за едните, така за другите. Муслиманите од Алданци секој пазар кај нас во Крушево, христијаните од Крушево секој викенд во Алданци. Заедничка работа, земјоделие, сточарство… живот да се преживее.

Дојде времето на независноста. Алданци остана блиско конектирано со Крушево. Младите од селото на школо во градот. Особено во познатата крушевска гимназија. Немаше клас во кој ние пораснавме, а да нема муслимани од соседните села, секако и од Алданци. Заедно пораснавме, заедно заминавме низ факултетите, до денес сме добри пријатели. Во тоа време се случија неколку силни инциденти помеѓу христијани и муслимани, но само како изолирани случаи.

Во моментот кога јас презедов обврска во градот да водам младинска организација, се случи убиство на млад човек. Муслиман уби христијан. Тешко беше да се задржи спокојот, но успеавме. Го надминавме и тоа. Дојде време на војната 2001 година. Имаше разни сценарија за решавање на проблемот на „северна Пелагонија“. Сето тоа крушевчани го спречивме. Едноставно такви сме, аманет од Републиката. Продолживме со соживотот, заедно како едно семејство… пазар, производство, трговија, помош за лекување, даскали…

Но, нешто не сме забележале. Сме преспале. При очи сме биле слепи, при уши глуви. По толку векови соживот „како едно“, веќе во Алданци е прогласена џамахирија. Нешто што го немало ниту за време на отоманските султани. Младите што растеа заедно со крушевските деца, веќе не се „качуваат“ во градот. Тие веќе не посетуваат каурски школи. Не одат ниту на пазар во Прилеп. Тие се школуваат во чудни школи во околината на Струга или во околината на Скопје. Тие млади кои се внуци на оние кои со векови живееле во мир, денес веќе не сонуваат мир. Имаат нов имиџ. Бради и чудни панталони, со нови „арапски кечиња“.

Џамијата веќе не е онаа во која христијаните палевме свеќа, а тие доаѓаа во крушевските Цркви на молитва. Тоа е веќе чудно дувло на чудни луѓе. Туѓи. Оттуѓени. Изгубени. Младите невести веќе не се оние ведри жени, кои заедно со крушевчанки „плетат руба“. Тие се девојки во ропство. Традиционалната марама, која ја носеа постарите и муслиманки и христијанки, се замени со чудни црни мантии. Лик не се гледа. Викаат тоа било најнова мода од Саудиска Арабија. Бурка се викало, а жените морале да ги носат. Тие луѓе се оттуѓија. Тие веќе не се родум Алданци. Тие веќе живеат во друг, паралелен свет.

Пред 10 дена, за време Велигден поминав низ селото. Поразговарав со мештани. Познавам мнозина од гимназија. Веќе не разговарав со пријатели. На страна стојат чудни момџиња, кои ме гледаат на начин на кој никогаш не сме се погледнале последниве 10 векови. Тие момчиња сонуваат за победа на Персија врз Европа. Викаат некој султан ќе им дадел да колат каури. Европа не ни требала, туку ќе сме биле дел од големата исламска држава. Европа ќе се исламизирала, а нашите христијански деца ќе станеле муслимани, ако сакале да преживеат. Тоа е состојба во 2021 година во едно од китните села на Војводата Никола Карев, републиканецот пред своето време.

Што се случи, а ние намерно или ненамерно ги затворивме очите. Оставивме да им помине модата. Многу минало, ќе мине и ова. Но не е така. Веќе во Македонија имаме стотици џамахирии Алданци. Тие луѓе не живеат во Европа. Тие се само физички присутни тука. Мислите им се во „Персија“. Што да им значи тоа во нивните жални глави. Не смееме веќе да премолчуваме. Доволно замижувавме на насилната и корумпирана саудизација на македонското општество. Доволно им молчевме на рано разни „мочки“ од НВО секторот, кои глумејќи ни некоја нова мода, всушност работат на уништување на верската толеранција и слобода во Македонија.

Тие прво го уништуваат вистинскиот ислам. Традиционалниот, фундаменталниот ислам. Откако ќе го направат тоа, следно е злоупотреба на исламот во лични цели. Трета етапа е ширење на неподнослива смрдеа. Омраза кон каурите. Ширење на верска омраза и нетолеранција. Тое е веќе не црвено, туку жар црвено светло. Тоа е веќе аларм за акција на Републиката.

Согласно меѓународното позитивно право и меѓународните стандарди, потпишани од Македонија, државата има право на самоодбрана од тие веќе терористички келии. Македонија треба да се европеизира, да се отвори. А не да се гетуизира и да се дозволи некој да ја заболува нашата младина. Без разлика на вера, народност и убедување, како што напишал претседателот на Републиката. Во таа смисла, јас лично и сите ние од генерацијата политички активисти кои ќе ја внесеме Македонија во ЕУ, предлагаме и ако ни дадете доверба, ќе изгласаме Закон за заштита на државноста. Ќе ги имплемемтираме највисоките европски и светски стандарди за заштита на човековите права и слободи.

Ќе ги ослободиме младите од болеста која ги зафатила. Дури и нивните родители се загрижени од што боледуваат нивните чеда. Ќе им помогнеме на тие родители. Тие заслужуваат помош. Тие со генерации се лојални граѓани на македонската Република. Тој закон ќе забрани „саудиска мода“ во Македонија. Секако ќе ги исчисти и мислите на младите кои го изгубиле својот пат. Ќе им го осветлиме патот кон Бога и светлината. Помрачениот ум ќе им го просветлиме. Тоа им го должиме на оние, старите што погоре Ви ги опишав. Време е Републиката да дејствува!

 

 

 

Поврзани новости