508
Фудбалерите на Швајцарија Гранит Џака, Џердан Шаќири и Стефан Лихтштајнер нема да бидат отстранети од натпреварите на Светското првенство во фудбал, туку само ќе бидат парично казнети, објавија од ФИФА.
Дисциплинската комисија при ФИФА отвори дело поради начинот на славење на погодоци во натпреварот со Србија (2:1) на Шаќири и Џака. Тогаш двајцата се радуваа на головите, имитирајќи го двоглавиот орел од грбот на Албанија. Тие се казнети со по 10 илјади швајцарски франци.
Лихтштајнер пак е санкциониран, бидејќи во интервју по дуелот ги поддржа своите соиграчи. Тој е казнет со 5 илјади франци.