Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска во изјава за медиумите рече дека членот 33 од Деловникот дозволува група од пет пратеника да формира пратеничка група.
„Од правен аспект е дискутабилен фактот, што една политичка партија не може да има повеќе пратенички групи и поради тоа се создава дилема кај нивниот електорат дали тоа е единствена политичка партија или имаат внатрешни проблеми, па затоа не сакам да им го коментирам овој потег“, рече Џафери.
Тој вели дека рано е да се каже дали потегот на ВМРО-ДПМНЕ е направен со цел да се блокира работата на Собранието.
Џафери додава дека ако процени дека некој сака да ја злоупотреби функцијата пратеник, соодветно ќе реагира.
„Нивното постапување и на секој пратеник ќе резултира со соодветна постапка од моја страна, доколку оценам дека има некоја таква намера. Не сакам однапред да прејудицирам за нечија намера“, рече Џафери.