Претседателот на Собранието, Талат Џафери во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека нема зошто тој да поднесе оставка по отфрлањето на иницијативата за референдум од ВМРО-ДПМНЕ.
-Зошто да дадам оставка? Кој вика дека сум ја прекршил процедурата? Кој повикува на тоа? Кои се тие? , рече Џафери.
По ова новинарката Душица Мрѓа му ги набројуваше професорите кои го критикувале за оваа одлука и кои сметаат дека тој треба да си поднесе оставка, на што тој за секој имаше реакција.
Мрѓа: Мирјана Најчевска
Џафери: Ауу
Мрѓа: Денис Прешова
Џафери: Иии. Се големи..
По ова, спикерот се обиде да ја ублажи својата реакција, по што продолжи:
-Ги почитувам за она што се професори и теоретирачи. Но, ниту еден од нив не се соочил со спроведување на прописи. Едно е теоретското, друго е практичната примена. Јас не толкувам, јас спроведувам.