Џафери за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ: Никогаш не вели никогаш

by fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во вечерашното гостување на ТВ 21 на прашањето дали по изборите би коалицирале со ВМРО-ДПМНЕ, одговори дека во политиката никогаш не се вели никогаш.

-Хипотетички не може да се зборува во дефинитивна форма, во политиката нема дефинитивна форма за последователни прашања бидејќи тоа не е работа за која одлучуваат политичките субјекти. Последователните прашања по изборите се прашања за кои се разговара во партиските тела и тоа не зависи од конкретната позиција што мисли денес Талат Џафери како претседател на Собранието, бидејќи ние го немаме тоа овластување. За среќа или за жал, декларации не се даваат и менуваат секој ден, а во политиката тоа е основна работа која никогаш не се кажува во дефинитивна форма, рече Џафери.

Поврзани новости